ДЕСЕТ ГОДИНИ затвор за малолетничката која уби 16-годишно момче: Крвнички го удирала во глава, па го фрлила во Пена

Седумнаесетгодишната девојка која го уби 16-годишниот Б.Х. од тетовско Ново Село доби казна – 10 години малолетнички затвор.

Тетовскиот суд ја објави пресудата за убиството на момчето чие тело беше пронајдено во реката Пена, на местото викано Бањиче.

Затворската казна од 10 години девојката ќе ја отслужува во затвор за деца.

Истражителите утврдија дека девојката по вербална расправија во автомобил, со предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена.

На 22 декември 2022 година, по неколкучасовна потрага, во водите на Пена беше пронајдено безживотното тело на 16-годишникот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.