Десет претстави и 50-тина актери во борба за наградата “Ристо Шишков“

За медалјонот со ликот на патронот на фестивалот – актерот Ристо Шишков и парична награда од 1500 евра на годинешново 26 издание на ФКТ влегуваат педесетина актери од десет претстави од Македонија, Бугарија, Србија и Словенија. Традиционално, па така и годинава, Фестивалот на камерен театар започнува на 8 и ќе трае до 12 септември, а директорот Ванчо Ристов Патриков денес ја соопшти програмата за ова издание на реноминираниот фестивал.

Свеченото отворање е резервирано за најдобрата претстава – “Клетници“ од Виктор Иго во изведба на Прилепскиот театар. Жирито го предводи минатогодишната лауреатка, српската актерка Тања Бошковиќ, а членови се професорката Василка Кортенска од Бугарија и нашата позната актерка Јоана Поповска.

Иако одлуката за тоа кому да се додели единствената награда за високо актерско остварување нема да биде воопшто лесна, директорот на ФКТ “Ристо Шишков“- Патриков покрај редовната програма најавува и дополнителна богата фестивалска програма со промоција на повеќе дела и средби на поети од Македонија и Бугарија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.