Детали за бандата од Македонија која крадела автомобили на Халкидик

Разбиена е криминална група од Македонија која крадела луксузни возила од викендички на Халкидик, по истрага на полициски службеници од Одделот за безбедност Полигирос.

За случајот, како што беше претходно објавија грчките медиуми, уапсени се 3 лица од Македонија, а поведена е постапка против уште 3 нивни соучесници.
Како што произлезе од полициската истрага, наведените лица формирале криминална организација со структурирани активности и различни улоги, со цел кражба на луксузните возила од голема парична вредност.

Ги лоцирале луксузните возила на туристите
Според нивната криминална шема, тие првин ги лоцирале луксузните возила на туристите на Халкидик, а потоа упаѓале во нивните сместувачки капацитети, со цел да им ги одземат клучевите и да ги украдат возилата.
За остварување на целите на криминалната организација тие имале конкретни улоги поврзани со координација на криминалната организација („мозок“), лоцирање на нивните жртви, вршење кражби и транспортирање возила, со крајна дестинација во друга држава.
Од досегашната истрага произлезе дека тие учествувале во вкупно 18 кражби на возила на различни делови на Халкидик, од кои се пронајдени 7 украдени возила, во една кражба на возило во подрачјето на Солун и во една кражба на регистарски таблички од паркирани возила на подрачјето на Солун.

Вредноста на украдените возила надминува милион евра
Вкупната вредност на украдените возила надминува еден милион евра.
Од куќите одзеле и пари, електронски уреди, часовници и слично, чија вкупна вредност надминува 60.000 евра.

Едно од уапсените лица е пронајдено на подрачјето на Халкидик од страна на полициски службеници на Одделот за сообраќај Полигирос, додека управувало украдено возило на странец.
Во рамки на тековните увиди, лоцирани се и други две уапсени лица кои се обиделе да го преземат украденото возило што претходниот период го управувал нивниот соучесник од подрачјето на Халкидик, со намера да го пренесат во странство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.