Како што дознава Инфомакс попладнево со автоматско оружје „Шкорпион“ е отворен оган во кругот на Ист Гејт Мол во Скопје.
Според инфромациите на Инфомакс цел на нападот бил Раде Штекли кој е ранет во пределот на градите, а неговиот сопатник е потешко ранет и е во животна опасност.
- Преговорите се сериозни, можен е договор меѓу Израел и Хамас во следните две недели
- Oд воената база во Калифорнија се украдени воени возила Хамви и опрема
- Експлозии ја потресуваат Украина, два жестоки напади на Русија: Нападнат град во близина на нуклеарната централа во Запорожје – има жртви
- INFOMAX.MK
- Фиби од „Пријатели“ пронашла белешка која Метју Пери ја оставил пред да умре: „Ми даде кутија, но сè уште не сум ја погледналa“ (фото)
- СДСМ: Владините мерки немаат ефект, цените не се намалија
- Иран покажа подземен ракетен град: „Од тука го нападнавме Израел!“ Се произведуваат и нови ракети! (ВИДЕО)
- Ќе се врши обдукција на починатата жена пронајдена во Вардар, се препорставува дека била исчезната
- Трамп ќе ја започне најкратката војна во историјата? Америка може да го освои Гренланд за само неколку часа
- Цукерберг: Влада на Бајден притискаше да ја отстраниме содржината за несаканите ефекти од вакцината за КОВИД
Во рок од неколку месеци веќе втор пат се случува обид за негово убиство, а она што е интересно е што се повторува на истата локација во кругот на Ист Гејт.
Раде Трајковски-Штекли се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија и одлежа 6-месечна затворска казна во Шутка за друго дело. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.
Штекли беше уапсен во Атина (Грција) во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.
Во моментов во кругот на Ист Гејт Мол има поголемо полициско присуствуво кое го обезбедува периметарот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.