Детали за пукањето во Куманово: Пукано е во сопственик на менувачница – неофицијално познати и жртва и сторителот

Престрелка попладнево се случила во центарот на Куманово на паркинг кај улицата Борис Кидриќ. Неофицијално, во престрелката повредено е најмалку едно лице со иницијали Т.С. инаку сопственик на менувачница. Неофицијално лицето кое пукало е со иницијали М.С.

Се пријавил за правобранител, а го бркаат за криминал: Кој е Беким Емини, кандидат за правобранител?
Прашање што би требало да ја мачи јавноста: Kaко некој би ја бранел државата и би ја штител од криминал ако и самиот e предмет на истрага за криминал?Државниот правобранител и државните …
Забележан манијак во Центар, се соблакал пред малолетници
Вчера во 12.40 часот во СВР Скопје, од страна на 39-годишна жена било пријавено дека ден претходно на 18.09.2024 година околу 13 часот во Центар било забележано едно лице како се соблекува …

И од Кумановската општа болница потврдија дека кај нив со возило на Итна помош во 17: 38 часот е донесено машко лице со две прострелни рани на двете нозе.

Поради сериозноста на повредите, лицето е испратено за Скопје.

– По пружањето на првична здравствена помош, лицето со тим од вработени е препратено до васкуларна хирургија Скопје – изјави директорката на болницата, Биљана Ивановска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.