Ненадејно почина познатиот актер Метју Пери (54), познат по улогата на Чендлер Бинг во познатата серија „Пријатели“.
Тој наводно се удавил во својот стан во Лос Анџелес. Неговата помошничка го пронашла мртов во џакузито, а полицијата не пронашла наркотици во близина на телото. Исто така, се наведува дека смртта не била насилна, дека во куќата во моментот на смртта немало никој, ниту дека некој се обидел да го убие актерот.
- Кривична пријава против поранешен директор на средно училиште во Демир Хисар за „конфискација или уништување на службен печат или документ“
- Трамп и Лукашенко разговараа за ослободување на 1.300 затвореници
- Нови правила во Шпанија: Татковците добиваат едно од најдарежливите отсуства во ЕУ
- Ќе ги бараме печатите,ќе се жалиме за незаконско разрешување најави адвокатот на директорката на демирхисарската гимназија
- Мицкоски: Никогаш нема да се повлечеме од преговорите со ЕУ
- Дрога и контроверзии: Чарли Шин ги открива своите најтемни тајни во новиот документарец на Нетфликс
- МВР: Не водиме никаква постапка против Билјана Ивановска
- Израелската Армија уби 18 Палестинци во најновите напади во Газа
- Заборавените ткајачи на економијата – текстилниот сектор остана без 5.300 работници, фабрики се гасат
Извори од органите за спроведување на законот изјавија за Лос Анџелес Тајмс дека екипите на ЕМС го пронашле Пери во несвест во када со топла вода и дека напорите за реанимација биле неуспешни. Се сомневаат дека се работи за срцев удар.
Никој не го однел во болница
Претставниците за односи со јавноста на Пери не одговорија веднаш на барањето на АП за коментар.
Запрашан од новинарската агенција АП да потврди дека полицијата одговорила во домот на Пери, полицискиот службеник во Лос Анџелес, Дрејк Медисон, рече дека тие биле таму „да ја истражат смртта на маж на 50-годишна возраст“.
Портпаролот на противпожарната служба на Лос Анџелес, Брајан Хемфри, изјави за NBC дека тие се првите што отишле во дом во Пацифик Палисадес по повик за итна помош. Никој не е пренесен во болница, додаде тој.
Метју Пери е најпознат по улогата на Чендлер Бинг во популарната серија од 90-тите ,,Пријатели”, која се емитуваше 10 сезони. Тој се појавува во секоја од 234 епизоди. Неговиот лик беше омилен меѓу публиката, а неговите реплики често беа цитирани и станаа дел од уличните разговори.
Пронајдете не на следниве мрежи: