Брачна двојка од Њујорк загина во сообраќајна несреќа на пат до родилиштето, но нивното неродено дете ја преживеало несреќата и дошло на свет во болница, јавува телевизиската мрежа NBC.
Натан и Рејзи Глаубер, двајцата на 21-годишна возраст, загинале во такси возило во коешто малку по полноќ во Бруклин се залетало друго возило. Прогласени се мртви по доаѓањето во болницата, но лекарите успеале да го спасат и да го породат детето.
Несреќата ја преживеал и таксистот, а возачот и совозачот од автомобилот BMW kој ги удри избегале пешки од местото на несреќата.
Семејството Глаубер се припадници на еврејската заедница во Бруклин „Ова е стравична, стравична трагедија. Им беше тоа прво дете. Немам зборови, воопшто не знам што би рекол“, изјавил рабинот Бернард Фрејлич, лидер на заедницата.
Макфакс
Брачна двојка од Њујорк загина во сообраќајна несреќа на пат до родилиштето, но нивното неродено дете ја преживеало не