Дете се јавило на Итна служба за да му помогнат со домашната задача

Дете се јавило во американската Служба за итни повици и побарало помош за пишување на домашната задача, а диспечерката покажала доволно професионалност и трпение да му помогне, со што стана вистински интернет-хит.

Антонија Бунди, вработена во Полицискиот оддел на Лафајет во сојузната држава Индијана, не можела да го одбие момчето кое повикало 911 оти „имало навистина лош ден” и „тони домашни задачи“, па му помогнала со задачата по математика. Идентитетот на детето не е соопштен.
– Добиваме многу необични повици, но овие некако посебно се издвојуваат – изјави началникот од одделот, Мет Гард.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.