Познатиот фудбалер Дејвид Бекам се нашол во џакузи со згодната актерка, но подоцна објасниле за што всушност станува збор.
Актерката Кортни Кокс ги изненадила своите обожаватели со фотографија на која седи во џакузи со Дејвид Бекам. За среќа, пред да почнат реакциите тие покажале и друга фотографија на која со нив во џакузито се и актерите Џејс Тајлер Фергусон и Ерик Стонестрит од “Модерно семејство“.
View this post on Instagram
All I wanted for my birthday was @davidbeckham in a bathrobe! Thanks @justinmikita!
Така станало јасно дека 44-годишниот поранешен фудбалер и 55-годишната ѕвезда од “Пријатели“ се наоѓаат со остатокот од екипата на “Модерно семејство“ на кои Бекам им е голем фан.
Бекам подоцна објавил фотографија на која тој и Кортни заедно го читаат своето сценарио за улогите.
View this post on Instagram
I met a new FRIEND ? today at work @courteneycoxofficial #modernfamily ?
„Запознав нова ПРИЈАТЕЛКА на работа“ – се пошегувал тој.
Дека неговата сопруга Викторија нема никаков проблем со тоа докажува коментарот: „Не можам да дочекам. Бакнежи.“.