Дејвид Линч пропагира трансценденталната медитација за американските војници

Американскиот режисер Дејвид Линл им советува на американските власти да ја користат трансценденталната медитација за да им помогнат на војниците кои патат од пострауматското стресно пореметување по  враќањето од Авганистан.Повикан на Беверли Хилс да ја претстави „Медитација, креативност, мир“, најновиот документарен филм во траење од 70 минути за менталната техника, Дејвид Линч истакнал дека нејзините позитивни ефекти врз децата со проблеми во образованието, затворениците и жените жртви на сексуално насилство.„Луѓето велат дека тоа е облик на медитација ’а ла Мики Маус’ или дека тоа е за почетниците. Сешто. Станува збор за стар облик на медитација, длабоко благотворен за човечкото суштество“, изјавил Линч.„Тој е разурнувач на стресот, а во овој момент навистина ни е потребен таков разурнувач на стресот“, изјавил режисерот по приватната проекција на филмот во едно кино на Беверли Хилс.Директорот на Фондацијата Дејвид Линч, Боб Рот, изјави дека американското министерство за одбрана ја разгледува моќната ефикасноста од примената на оваа практика за ветераните коишто се враќаат од Ирак и Авганистан.„Дваесет идвајца ветерани извршуваат самоубиство секој ден во САД. Очајни се. Апчињата се без ефект, а коктелот таблети коишто ги пијат тие млади жени и мажи ги прави уште порастроени“, додал.Линч номиниран за Оскар за филмовите „Човекот слон“ од 1980 година, „Синиот сомот“ од 1986 година и „Малхоленд драјв“ од 2001 година, е познат како поборник на трансценденталната медитација којашто во 1960-те ја разви индискиот гуру Махариши Махеш Јоги.
МакфаксАмериканскиот режисер Дејвид Линл им советува на американските власти да ја користат трансценденталната медитација за

Пронајдете не на следниве мрежи: