ДИВЕЕЊЕ ЗА СИТЕ ПАРИ | СТУДЕНТИ ДЕМОЛИРАЛЕ ОХРИДСКИ ХОТЕЛ

Студенти од Србија, Хрватска и други балкански земји демолирале хотел во Охрид во кој престојувале на петдневна екскурзија. Бил кршен инвентар, една соба се запалила, а студенти дивееле по ходниците фрлајќи вазни и други предмети – објави хрватскиот портал „24 сата“.

ДИВЕЕЊЕ ЗА СИТЕ ПАРИ | СТУДЕНТИ ДЕМОЛИРАЛЕ ОХРИДСКИ ХОТЕЛ

Менаџерот на хотелот рекол дека гостите биле агресивни и предизвикале голема материјална штета. Во хотелот имало вкупно 1.250 студенти од 12 факултети за кинезиологија и кинзитерапија од целиот Балкан, а најбројни биле од Хрватска, кои ги имало 217,

– Знаеме дека станува збор за млади луѓе, но мора да се преземат мерки. Имавме посети од големи групи студенти, но досега ваков проблем не сме имале. Особено беа агресивни Хрватите – изјавил менаџерот на хотелот од Охрид.

На снимката се гледа скршен инвентар на хотелот, скршени прозорци, пивски шишиња на покривот, тоалет кој изгледа како да е запален…

Наводно, студентите палеле факели во собите и ходници.

– Имавме обезбедување кое ја смири ситуацијата, па полицијата не интервенираше. Хотелот функционира нормално и пристигнаа нови групи студенти. Се надеваме дека тоа нема да се повтори – додаваат од хотелот.

Претставник на студентското тело на Факултетот за кинезиологија во Загреб за порталот 24 сата.хр ја раскажал својата страна на приказната. Тој тврди дека студентите од Загреб немале никаква врска со собата која била запалена.

– На тој кат воопшто немаше студенти од Загреб. Управителот ни потврди дека за таа просторија се виновни инсталациите и дека не е намерно запалена. Постојано бев наоколу, но не можев сè да контролирам, но веднаш им напишавме во групата да не се прават никакви проблеми – изјави Мартин Стојчевиќ, претседател на Студентскиот сојуз на КИФ.

Тој вели дека не е коректно да се издвојуваат Хрватите, зашто тие не биле единствени што правеле штета.

– Таму имаше 12 факултети, ние сме еден од најголемите и не е во ред нас да не обвинуваат. Загреб не направи штета и не видов некој да прави проблеми со мои очи. Ако некој нешто направил, јас сум првиот против тоа, и ќе седнам со студентите и ќе разговарам. Она што го видов со свои очи беа момчиња од Мостар како кршат вазни. Бевме 217 и секој од нас даде по 20 евра депозит кој не го вративме, а имаше вкупно 1.250 луѓе. Сите беа на забавата по ходниците, да не ги споменуваме само нашите. Видов дека има некоја штета, но од нашиве загрепчани не бев сведок дека некој нешто фрлил или скршил. Велат дека сите сме биле агресивни, но нашите биле пријателски расположени. Дојдовме таму да се забавуваме и да се дружиме, а на крајот се паѓа на Загреб затоа што бевме најмногу. Не можам да влијаам на момците од Мостар кои ги видов како фрлаат вазни низ хотелот, можам само да влијаам на нашите – изјави претседателот на Сојузот на студенти на Кинезиолошкиот факултет во Загреб.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.