Доколку се одлучите за оваа диета ем ќе се освежите ем ќе ослабнете за само 5 дена. Бидејќи е омилена на многумина, убедени сме дека диетата нема да ви претставува проблем, туку задоволство. Лубеницата може да ви помогне во слабеењето, но ако се одлучите за детоксикација на организмот најдобро е тоа да трае 9 до 13 дена.
Лубеницата помага во губењето на килограми, а притоа ве заситува и позитивно влијае на системот за варење. Покрај тоа, лубеницата е природно слатка, па е одлична замена кога ќе добиете мала криза за сладолед или чоколадо.
Влакната кои ги содржи лубеницата ве заситуваат и штитат од прејадување, богата е со хранливи материи, а сиромашна со калории. Така, со помош на лубеницата ќе ги намалите количините на храна кои ги консумирате во текот на денот.
Сепак, пред да се одлучите да ја спроведете диетата треба да ги знаете и овие работи:
– Студената лубеница не е најздрава. Чувајте ја на собна температура и оладете ја непосредно пред консумирање.
– Вообичаената овошна салата заменете ја со комбинација на лубеница, моцарела и неколку капки Балсамико оцет.
– Послужете ја лубеницата како торта. Сечете интересни облици, рендајте темно чоколадо, декорирајте со друго овошје…
– По вежбањето, во блендер измешајте 1 кг лубеница без семки, шолја студена вода и 2 лажици сок од лимон. Освежителниот шејк испијте го најдоцна 1 час по тренингот и ќе ја забележите разликата.
Начин на исхрана:
1 ден
Појадок: парче лубеница, шолја незасладено кафе или зелен чај
Ручек: 150 г варено говедско месо без мрснотии, 150 г варен ориз, парче лубеница
Вечера: 100 г кравјо сирење, парче интегрален леб, парче лубеница
2 ден
Појадок: парче лубеница, шолја незасладено кафе или зелен чај
Ручек: 100 г варени пилешки гради, парче леб, парче лубеница
Вечера: 100 г печена риба, 100 г варен ориз, 2 парчиња лубеница
3 ден
Појадок: парче лубеница, парче леб препечен на тост, шолја кафе или зелен чај
Ручек: 50 г тестенини со сос од домати, 3 парчиња лубеница
Вечера: салата од зеленчук измешана со неограничена количина лубеница
4 ден
Појадок: 2 парчиња лубеница
Ручек: супа од брокула, парче леб, 2 парчиња лубеница
Вечера: 3 средни компири печени во рерна, 2 парчиња лубеница
5 ден
Појадок: 3 парчиња лубеница
Ручек: 150 г варено говедско месо без мрснотии, неограничени количини лубеница
Вечера: парче леб, 100 г кравјо сирење, 3 парчиња лубеница