Дизни губи над 90 отсто од профитот поради коронавирусот

Приходите на компанијата Дизни опаднаа за 91 отсто во првите три месеци од 2020 година, и тоа најмногу поради затворањето на тематските забавни паркови ширум светот.
Иако продажбата за ова тримесечје порасна за 21 отсто, на 18 милијарди долари, заработката на компанијата претрпе огромна штета поради затворањето на парковите, како и поради трошоците за отпочнување на стрим-услугите Дизни плус.
Оперативните приходи на Дизни во делот на забавните паркови опаднаа за дури 58 отсто во однос на лани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.