ДИК ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ГЛАСАЊЕТО ВО ФАЈЛ НА GOOGLE DRIVE

Државната изборна комисија попладнево ги објави резултатите од изборите во електронска верзија, но во .pdf фајл на Google Drive.

Објавените резултати, како што велат од ДИК, се базирани на податоците од записниците од Изборните одбори, односно обрасците 16 и 16 ЗРД.

Платформата rezultati.sec.mk и денеска не работеше, а од ДИК соопштија дека истата нема да биде ажурирана поради истрагата што ја води секторот за компјутерски криминал на МВР за хакерскиот напад на денот на изборите по завршување на гласањето.

Во моментов, сепак, се чини дека и rezultati.sec.mk работи нормално и прикажува резултати по 100% обработени податоци. Сепак, табелата, како поверодостојна, ја најави и самиот претседател на ДИК – Оливер Дерковски: „Поради истрагата на МВР, овој сајт нема да го ажурираме, туку изборните податоци ќе ги објавиме на табела“, изјави денеска тој за „Алсат“.

.PDF фајлот со резултатите од гласањето можете да го најдете ТУКА.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.