ДИК ги отфрли сите приговори, изборите се РЕГУЛАРНИ
Државната изборна комисија (ДИК) на седница одржана вечерва ги отфрли сите приговори поднесени од политичките партии во однос на гласањето и резултатите од предвремените парламентарни избори на 15 јули.
Дерковски изјави дека изборите се чисти и регуларни и нема зошто некој да се сомнева во нив. Инаку тој е партиско решение на Мицковски.
Вкупно 2.142 приговори од партиите за постапката за гласањето, за сумирањето и утврдувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори 2020 се отфрлени вечерва.
Кондарко ги оцени приговорите на Левица како „наратив, есеи и фејсбук статуси.“ Тој појасни дека во нив немало никаков записник или конретна забелешка.
Се чини дека Левица со поднесувањето се обидела на ваков начин да ја продолжи кампањата. Отфрлени се и двата приговори на партијата на Мицковски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.