Димитриевски: Над 80% од домаќинствата во Куманово непречено добиваат вода

Над 80% од домаќинствата во градот веќе непречено добиваат вода од мрежата на ЈП “Водовод” Куманово, соопшти утрово градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

– Во следните пет часа системот за водоснабдување ќе биде целосно оперативен и сите домаќинства во градот кои се конектирани на мрежата ќе бидат снабдени со вода.

Напоменувам: Се до моментот на официјална потврда од “Завод за здравствена заштита” Куманово оваа вода се третира како техничка и истата доколку се користи во исхрана потребно е превентивно да се преврива. За дополнителни информации во текот на денот ќе информира ОШЗС Куманово.

– Извинување во мое име и благодарност до сите граѓани за разбирањето за настанатата хаварија и нарушениот процес на водоснабдување на градот поради лошите временски услови.

– Благодарност до екипите на ЈП “Водовод” кои многу посветено и професионално го санираа овој проблем со водоснабдување на градот. – напиша Димитриевски на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: