Нема смисла да се разговара за мир во Украина без Русија, порача портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја средбата во рамки на 54. годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос каде, меѓу другото, ќе се разговара и за „формулата за мир“ предложена од претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Разговори само колку да се разговара, не се насочени кон изнаоѓање вистинско решение за проблемот. А бидејќи Русија не учествуваше, тогаш не може да има конкретен резултат“, вели портпаролот на Кремљ.
Ситуацијата е крајно апсурдна, нагласи Дмитриј Песков и потсети дека самиот Киев ги забрани преговорите со Москва на законодавно ниво.
„Владимир Путин секогаш велеше дека гаранциите за мир треба да се постигнат по мирен пат. Сепак, Запад не сакаше ништо од тоа. Затоа Русија води специјална воена операција и ќе ги постигне своите цели“, истакна тој.
Според Дмитриј Песков, постои можност претседателот на Русија, Владимир Путин, наскоро да ја посети Северна Кореја.
Владимир Путин
Владимир Путин доби покана да го посети Пјонгјанг, потсети портпаролот на Кремљ, наведувајќи дека датумот ќе биде договорен по дипломатски канали.
„Повеќе детали за посетата на Владимир Путин ќе бидат достапни по утрешната средба меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговата севернокорејска колешка Цој Сон Хи“, нагласи тој.
Коментирајќи ја утрешната официјална посета на севернокорејската министерка за надворешни работи на Русија, Дмитриј Песков изјави дека Северна Кореја е партнер со кој Русија развива односи во сите области.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.