Дневен хороскоп за петок, 31-ви мај 2024-та


ОВЕН
Комуникацијата со колегите, запознавањата и воспоставувањето нови деловни контакти се успешни денеска, особено претпладне. Дозволете им само на луѓето на кои им верувате увид во вашите планови. Ризикувате да влезете во непријатна ситуација ако не сте разговарале за вашите потфати и планови со претпоставените.

БИК
Бидете справедливи, ако треба да разговарате за грешките на работното место и не ги обвинувајте колегите. Проценете кој од нив има поголемо искуство. Заштитете ги вашите интереси. На работата сте под стрес, бидејќи сакате навреме да ги завршите сите ваши задачи. Очекувајте добри приходи.

БЛИЗНАЦИ
И покрај неволјите, повторно успевате да најдете излез од тешката ситуација на вашето работно место и да избегнете загуби, но и да го зголемите вашиот авторитет. Анализата ви помага да останете на висина во односите. Во материјална смисла, успехот ќе ве следи. Очекувајте приходи.

РАК
Очекувајте проблеми поради финансиските успеси кои повторно ги налутија вашите колеги. Пазете се од измами на оние коишто имаат цел да ви се одмаздат со тоа што ќе предизвикаат загуби. Избегнувајте кавги со колегите, конфликти со надворешни лица и нови познанства. Покажете воздржаност во комуницирањето.

ЛАВ
Денеска треба да решавате професионални проблеми, но ве обземаат емоции кои ги потиснуваат вашите мисли во друга насока. Нетрпеливоста и избувливоста ви штетат. Бизнисмените на одговорни финансиски позиции треба да внимаваат при потпишувањето на договорените инвестиции.

ДЕВИЦА
Претпочитате да бидете осамени, да се препуштите на себепреиспитувањето или да се занимавате со вашите задачи без да ве мачат. Ако не можете да обезбедите мир на вашето работно место, земете ја работата дома. Оние од вас кои имаат нови идеи и планови би било добро денеска да ги споделите со своите колеги и деловни партнери.

ВАГА
Денеска сте весели, полни со желба за работа, но возбудата која ја создавате на работното место ги нервира вашите колеги, бидејќи воопшто не им се работи. Бидете трпеливи и тактични. Расположението ќе ви биде расипано поради кавги на работното место и разменети навредливи зборови. Ако патувате, бидете особено внимателни.

ШКОРПИЈА
Прифатете дека тешкотиите спречуваат вашите зборови да стигнат до луѓето за кои се наменети, но штетата ќе е за нив. Подобро е да не давате совети, особено ако не ви бидат побарани, за да избегнете недоразбирања. Доколку сте договориле деловни состаноци, бидете внимателни и не ги пропуштајте најситните детали и нијанси во разговорите.

СТРЕЛЕЦ
Денот е поволен за оние кои имаат преквалификациски испит, но потребно е добро да се подготвите и да не се потпирате на среќата. Ќе бидете задоволни со резултатот, кој е гаранција за вашата иднина како професионалци. Вашите професионални должности денеска бараат од вас да најдете неконвенционални решенија за проблемите.

ЈАРЕЦ
Денеска сте подготвени да договорите купување недвижен имот, па дури и ги подготвивте парите. Бидете смирени и не ја споделувајте радоста веднаш со вашите завидливи соседи. Причината за интригите околу вас лежи во вестите за материјални и професионални успеси кои ќе ве задоволат. Завидливите тоа го разбрале пред вас и сакаат да ве понижат со своите интриги.

ВОДОЛИЈА
Ќе дознаете дека вашиот проект ќе биде одложен поради неочекувани споредни фактори. Напнати сте и нервозни. Брзањето воопшто не е препорачливо. Склони сте на агресивно однесување. Наложете си стрпливост и смиреност, за да не се искарате со сите и да не го оттргнете успехот од вашиот пат во последниот ден од месецот.

РИБИ
Доколку се занимавате со трговија, ве очекува успешен и профитабилен ден. Вашиот промет ќе биде доволно висок за веднаш да купите нови стоки. Вашата самодоверба е висока. Не се фалете со својата заработка. Интелектуалците може да станат интересни за влијателни луѓе кои сакаат да им бидат корисни и да ги поддржат во нивните научни истражувања.

Пронајдете не на следниве мрежи: