Доаѓаат крокодили во Австралија: Страшна последица од поплавата, огромен рептил демнее среде град

Во северниот дел на австралиската сојузна држава Квинсленд, рекордните врнежи донесоа поплави за кои властите стравуваат дека ќе бидат најлошите во историјата.

BBC известува дека илјадници луѓе се евакуирани, додека голем број луѓе сè уште се заробени во областа.

Вандали фрлиле ѓубре и уништиле дел од опремата во Градски Парк
Непознати вандали викендов обиле пункт во кој јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ чува дел од опремата за уредување на зелените површини, при што превртеле и уништиле дел од механизацијата, соопшти …
Маск: Никогаш нема да одиме на Марс ако победи Kамала
Илон Маск ги информираше своите следбеници на платформата Икс дека планира да испрати пет вселенски летала на Марс во рок од две години, истакнувајќи ја амбициозната визија за иднината на …

Во некои области, тропски циклон донесе дожд колку што паѓа во цела година.

На аеродром во Кернс авионите на пистата беа поплавени a крокодил е снимен среде градот Ингам, додека луѓето бегаат од областа со чамци.

Се наведува дека засега нема информации за жртви или повредени лица.

Обилните врнежи се очекуваат да продолжат во тој дел од Австралија и во следните 24 часа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.