Доаѓа уште едно бебе во кралското семејство?

Веќе некое време се шират гласини дека Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ и сопруга на принцот Вилијам, повторно е бремена. Иако сè уште ништо официјално не е потврдено, извори блиски на кралското семејство се уверени дека Кејт го чека четвртото дете.
Иако нивниот најмлад син Луис сè уште не наполнил една година, британските медиуми тврдат дека Кејт и Вилијам веќе работат на проширување на семејството.
„Сигурно размислуваат барем за уште една принова. Имено, кралицата има четири деца, па верувам дека и ти сакаат да одат по истиот пат“, рекол за британскиот Мирор, извор близок на кралското семејство.
Брачниот пар освен најмладиот Луис, има уште две деца, постариот син Џорџ и младата ќерка Шарлот.


Исто така, изворот открил дека чекаат со објавата за бременоста исклучиво поради Меган, која наскоро треба да го роди првото дете, па не сакаат да го пренасочуваат вниманието на себе.
„Веќе има доволно конкуренција и расправии помеѓу браќата и нивните сопруги, па Кејт никако не сака дополнително да става масло на огинот“, тврди изворот. Попатно открил дека војвотката е убедена во тоа дека носи девојче, поради сличните симптоми кои ги имала во бременоста со Шарлот. Сепак, постоечките гласини и нагодувања за четвртата бременост на војвотката, сè уште никој од кралското семејство не ги прокоментирал.
Меган Маркл, војвотката од Сасекс, своето прво дете би требало да го роди на крајот на април, а кралскиот пар сè уште не ѝ откил на јавноста дали чекаат девојче или момче.
Сепак, неодамна извори за медумите потврдиле дека парот чека момче. Меган и принцот Хари за тоа наводно отворено зборувале со своите пријатели. Иако на почетокот не сакала да го знае полот на детето, ако може да им се верува на овие извори, војвотката од Сасекс во меѓувреме се предомислила.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.