Се чини дека вашата навика да го завршите денот со чаша црвено вино има повеќе придобивки отколку што мислевте.
Научниците од канадскиот универзитет во Алберта спровеле истражување кое покажало дека една чаша црвено вино може дури и да го замени вежбањето.
- Турската армија во состојба на готовност! Можно е влегување во СиријаТурските вооружени сили се ставени во состојба на готовност поради можна воена операција- прочитај повеќе
- Русите зазедоа место кое „лежи“ на литиум: Офанзивата на правецот Покровски продолжува, ова е приоритет на МоскваРуската армија го зазеде градот Шевченко, кој се наоѓа на едно од најголемите- прочитај повеќе
- Најмалку 5 загинати во шумските пожари во Калифорнија, се стравува дека бројот ќе расте: Над 130.000 евакуирани (фото)Најмалку пет лица загинаа во пожарите што зафатија делови од Лос Анџелес и соседниот- прочитај повеќе
- Кучето патувало 200 километри за да стигне до сопствениците кои се откажале од него: Кога го пронашле, кучето плачелоПриказната за лојалноста на кучињата може длабоко да не трогне, а Манора е вистински доказ- прочитај повеќе
- Даниловски: Нема потреба од паника од метапневмовирусЕпидемиологот и поранешен министер за здравство, Драган Даниловски тврди дека нема потреба од- прочитај повеќе
Имено, ресвератролот, кој го содржи црвеното вино, позитивно влијае на човечкото тело, особено на зајакнување на кондицијата.
Ресвератролот го активира заштитниот механизам на клетките, ја подобрува работата на срцето и ги зајакнува мускулите. Ако сè уште не сте забележале, ова се истите придобивки што ги добивате од вежбањето.
Според тоа, канадските научници откриле дека една чаша црвено вино може да го замени краткото вежбање.
Што се однесува до слабеењето, научниците од Државниот универзитет во Вашингтон докажале дека ова соединение може дури и да ни помогне да изгубиме тежина.
Имено, ресвератролот помага побрзо да се разградат масните клетки. Освен тоа, една чаша црвено вино непосредно пред спиење го намалува апетитот, па нема да имате потреба од „полноќна ужина“.
Сепак, не ја земајте оваа вест како изговор секоја вечер удобно да седите во фотелја, да пиете вино и да не се движите.
Редовните тренинзи, најмалку три пати неделно по половина час, многу добро ќе влијаат на вашето ментално и физичко здравје. Тоа ќе ви помогне да останете фит, да изгубите тежина и да останете здрави.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.