Урнебесна вест доаѓа од Франција, откако Ница покренала тужба против неименувани сторители, откако порно-материјал се појавил по страници за возрасни, со акција на стадионот на францускиот прволигаш.
Според информациите, видеото со порно содржина е сниман за време на мечот на 29 јануари со Лил, а сцената на филмот почнува на трибините на стадионот каде „главните глумци“ започнуваат разговор, а потоа акцијата се префрла во тоалетите на стадионот.
И во Ница никој не знаел за ова порно видео, сѐ додека не се појавило во етер, а од низа кадри на почетокот сфатиле дека е сниман на нивниот стадион „Алијанц Ривиера“.
„Ница стартуваше тужба против лицата кои го снимаа овој филм за возрасни во тоалетите на ‘Алијанц Ривиера’. Случката е од 29 јануари на мечот со Лил“, објави францускиот прволигаш.
И додека управата ја врши својата работа, навивачите се воодушевени. Полицијата наскоро ќе отвори истрага, а пронаоѓањето на лицата кои го снимиле филмот не би требало да е тешка задача. Регистрацијата на сајтовите за возрасни бара информации за корисниците, па тоа би можело да ја олесни целата работа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.