– Постојано ни велеа дека кога ќе дојдеме до кандидатски статус, ќе се реши прашањето за високиот претставник, странските судии во Уставниот суд на Босна и Херцеговина, но сè останува како механизам за притисок, рече Додик во гостувањето на белградската ТВ Прва.
Тој наведе дека со тоа се уриваат и европските стандарди бидејќи ЕУ „не прифаќа земји кои се во статус на протекторат“.
Прашан за војната во Украина и односите со Русија, Додик рече дека не е корисно РС да се откаже од еден важен гарант на Дејтонскиот договор, потсетувајќи дека Москва е еден од нејзините гаранти.
– РС останува во добри односи со Русија и ќе продолжи да ги зајакнува, рече Додик и додаде дека не го интересира ако Западот ја гледа оваа намера како лоша.
– Мораме да останеме во контакт и со едните и со другите, потенцира претседателот на РС.