Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во крајните западни подрачја ќе има услови за слаб локален дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Под влијание на влажен бран во недела кон крајот на денот на запад ќе има повремен дожд, на планините снег.
Врнежите ќе продолжат преку ноќта и во понеделник, кога ќе се прошират насекаде и претежно во планинските региони ќе бидат пообилни и појава на снег ќе има понекаде и на повисоките места.
Во понеделник и особено во вторник ќе дува силен северен ветер (и над 65 км/час), а дневните температури во понеделник ќе бидат пониски за 6 до 8 степени.
Погледнете какво време не` очекува до вторник.