Доколку ве касне оса никако не ја правете оваа грешка на која не учеле постарите

Каснувањето на јазикот или усната се смета се едно од најопасните, заедно со каснувањето на капакот, очната јаболчица или на вратот.
Кога одите во природа, корисно е да знаете со кого ќе морате да ја делите ливадата. Некои од нејзините жители повремено му нанесуваат сериозна штета на здравјето. Дознајте како да ги избегнете нападите на инсектите што имаат осило и отров и како да ги лекувате нивните каснувања.
Осите се исклучително агресивни инсекти, кои не напаѓаат само при отворена опасност за својата колонија туку и кога ќе почувствуваат вибрација од чекори, гласна музика или гласови, кога ќе видат светлина од логорски оган или, едноставно, доколку им се причини дека постои закана.
Осите напаѓаат одвоено или во цел рој. Не боцкаат само со осилото вшприцувајќи отров туку истовремено и касаат. Имаат мазно осило, кое не останува во раната и затоа жртвата може да ја боцнат многупати едноподруго.


Отровот има парализирачко дејство. Иако нема доволно за да може комплетно да го парализира човекот, може да предизвика силна болка и оток, а понекогаш и сериозна алергија, која може да се развие речиси до Квинкеов едем (оток на кожата и слузокожата на гастроинтестиналниот тракт, јазикот, гласните жици и гркланот, кои се јавуваат повремено и во неправилни растојанија), со смртоносен исход. Поради тоа лицата алергични на каснување од оса не треба да излегуваат во природа без антихистаминици во облик на инјекции.


Доколку осата го нападне човекот во близината на своето гнездо, не треба да се обидувате да ја убиете, зашто на исфрлањето на феромонот на осата што умира ќе слета цел рој. Најдобро е да одите што подалеку од неа. Особено треба да бидете внимателни на пикник кога ја распоредувате храната, бидејќи осите со задоволство се гостат со неа, па случајно може да ја ставите во уста заедно со парче месо, колаче или лубеница. Осите сакаат и да се кријат во зрна од грозје правејќи невидливо дупче за да стигнат внатре и да го изедат слаткиот мек дел, па во таков случај многу е тешко да се забележат.
ВНИМАНИЕ! Не употребувајте алкохол по каснување. Присуството на алкохол во крвта ја забрзува апсорпцијата на отровот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.