Докторка од грчките плажи советува: Не смеете да го правите ова

Неколку стотини лица во Грција добија инфекција на кожата откако се капеле во морска вода непосредно по тетовирањето, пишува страницата „Live from Greece“, на која се прикажани непријатни фотографии со инфицирани тетоважи.
-Предупредување за оние кои неодамна се тетовирале. Не смеете да влегувате во морска вода минимум две недели од тетовирањето, бидејќи може да дојде до сериозни кожни инфекции, предупредува дерматологот Горана Исаиловиќ, автор на фотографиите.
Како што наведуваат администраторите на страницата, од доктор Исаиловиќ помош побарале стотина лица со сличен проблем, само ова лето.


Таа предупредува и дека кожата не смее да се изложува на сонце барем една недела по тетовирањето. Периодот на посебна заштита може да трае и до неколку недели, во зависност од тетоважата.


-Со тетовирањето се оштетува заштитниот слој на кожата, епидермот, а оштетувањето зависи од видот на тетоважата, длабочината на тетовирањето, боите. Мора да се почитуваат советите од тату-мајсторот, но и вашиот дерматолог, вели таа.
Покрај можните инфекции, морската вода може да влијае и врз самиот квалитет на пресната тетоважа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.