Доктор од Демир Хисар позитивен на КОРОНА ВИРУС
„Станува збор за психијатар кој е асимптоматски, но имал позитивна семејна епидемиолошка анамнеза. Тестот е позитивен, а со оглед дека бил во контакт со колегите во болницата, преку Центарот за јавно здравје во Прилеп направени се епидемиолошки анкети и е дадена препорака за самоизолација на психијатрите – рече на прес конфренцијата денеска министерот Филипче.
Поради ова е реорганизирана работата на психијатриската болница во Демир Хисар целосно, а нови пацијенти таму нема да се праќаат, туку ќе се препраќаат во Охрид, Битола или Прилеп.
По избор на уредникот прочитајте уште и:
Пронајдете не на следниве мрежи: