Домашен напиток против запек од само 2 состојки!

Опстипацијата е проблем кој измачува многумина, често и не обрнуваме премногу внимание на празнењето на цревата, што е голема грешка.
Задржувањето на отпадните материи во нашите црева може да предизвика подуеност во стомакот, мачнина, но и посериозни здравствени проблеми.
Доколку страдате од запек, овој еликсир кој лесно се подготвува, и е природен, ќе ви биде од помош.
Предизвикувачи на опстипацијата се најчесто промените на вообичаените секојдневни животни навики (патување, привремено недвижење, преобилни оброци), земање на лекови (на пример седативи или лекови против киселина) или болести како дијабетес, тумор, синдром на надразнето црево, мултиплекс склероза и сл, а често и во текот на бременоста.
Запекот може да предизвика други, многу непријатни болести како анални фисури (оштетување на слузницата на аналниот канал), чир на ректумот и многу често, хемороиди.
Запекот може да се јави повремено или да прерасне во хроничен проблем доколку трае подолго од 6 недели.
Запекот е често проследен со замор бидејќи организмот не се ослободува од токсините.
Најголема грешка е опстипацијата да се третира со лекови или чаеви како стимулатори. При секојдневна употреба на овие лаксативи, нашиот организам се навикнува на нив и потоа е многу тешко да се испразнат цревата по природен пат.
Затоа, секогаш обидувајте се со природни лаксативи, ова е еден од нив!
Потребни состојки:
– 1 чинија спанаќ
– 2-3 дл кисело млеко
Подготовка:
Изберете квалитетен, свеж спанаќ. Одвоете ги стебленцата и добро измијте го спанаќот.
Ставете ги листовите во блендер и додадете го киселото млеко. Добро промешајте.
Наутро и навечер пијте по една чаша од овој напиток секој ден. Овој напиток за кратко време ќе го врати вашиот систем за варење во нормала.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.