Домашен Чоко-Моко сладолед по кој ќе го паметите ова лето

И најголемиот лаик во кујната може да го подготви ова слатко задоволство кое ќе ви помогне да се разладите и засладите во истовреме!
Интересната комбинација на намирници, во која доминира вкусот на чоколада – е одличен избор за сите љубители на слатките во топлите летни денови.


Состојки:
– 100 гр. растопена чоколада за готвење
– 200 мл. густ јогурт
– 200 мл. слатка павлака
– 2 лажици рум
– 2 лажици какао
Подоготовка:
Матете ја слатката павлака додека не стане цврста, а потоа додадете го јогуртот, чоколадото, румот и на крајот какаото. Откако сето тоа добро ќе се соедини, истурете ја смесата во пластичен сад и замрзнете ја.
Извадете ја неколкупати и добро промешајте пред целосно да се замрзне.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.