По прославата на Нова година се чувствуваме уморно и имаме чувство како да сме добиле неколку килограми плус. Затоа ви предлагаме неколку начини за детоксикација на организмот.
Домашна после празнична детоксикација
Сок за прочистување на телото
По празниците, на вашето тело сигурно ќе му годи детоксикација. Време е да посегнете по сокот од домати, кој ќе ги отстрани сите токсини од вашето тело. Овој напиток го стимулира метаболичниот процес и со тоа го забрзува процесот на прочистување. Како да го приготвите? Во половина килограм исцеден сок од домат додајте малку исечкан кромид и на крај зачинете со прстофат чили и промешајте. Таквиот сок за детоксикација е само вовед во здравата исхрана, кон која сега треба да се придржувате!
Пијте само вода!
Пиењето околу 2 литри вода на ден помага во одржувањето на нормалното ниво на течности во организмот. Исто така, водата дава чувство на ситост благодарение на што јадеме помалку. Што е најважно, таа не содржи дополнителни калории или шеќер, што за жал, не може да се каже за соковите и газираните пијалаци.
Користете помала чинија
Кога јадете во помали чинии, помалку јадете. Една мала чинија ќе ве натера да мислите дека сте изеле доволно храна. Но, не смеете да ја дополнувате чинијата. Овој едноставен трик ќе ве натера да јадете и до 1/4 помалку од вообичаено!
Имајте оброк секогаш во точно одредено време
Воспоставувањето на таа навика ќе ви биде тешко на почетокот, но со текот на времето ќе откриете дека ова правило е одлично решение. Фиксирајте го времето предвидено за оброци. Треба да имате три главни оброци и две закуски во текот на денот. По една недела, ќе престанете да чувствувате глад.
Калорични замки
Здравата салата не е повеќе нискокалорична ако во неа додадете богат сос. Дури и малото парче зеленчук прелиено со сирење ќе стане калорична бомба. Методот на подготовка е исто така, важен: прженото месо заменете го со месо на скара. Јадете повеќе риби!
Внимавајте и на овошјето што го внесувате!
Тоа содржи шеќер наречен фруктоза. Затоа треба да јадете многу повеќе зеленчук отколку овошје.
Воспоставете рамнотежа
Започнете го денот со вода и сок од лимон. Може да воспоставите рамнотежата на PH вредностите преку внесување на многу коренест зеленчук (цвекло, моркови) и лиснат зеленчук (кељ, спанаќ). Изберете овошје кое ќе го алкализира организмот како смокви или урми.
Корисни растителни влакна
Растителните влакна му помагаат на дигестивниот систем да функционира правилно. Затоа е многу важно да ги консумирате колку што е можно повеќе по празниците. Со секој оброк внесувајте производи од пченично брашно, леб или овесни каши.
Фокусирајте се на состојките додека јадете
Јадете полека и не правете ништо друго во исто време. Гледањето телевизија, читањето книги или работењето на компјутер додека јадете ќе ве натера да проголтувате преголеми парчиња храна. Најлошо од сè, е што тогаш воопшто не се фокусирате на храната, па затоа сте гладни само еден час по оброкот.