Доминиканскиот имигрант Педро Квезадан, во САД на лотото „Powerball“ освои 338 милиони долари.Квезадан ја освои четвртата најголема добивка на оваа лото игра во САД, а откако ќе ги плати даноците нему ќе му останат 221 милион долари.Лотото Powerbal од февруари немаше главна добивка, а играта не среќа се организира во 43 држави на САД, како и на Девствените острови.Досегашната најголема добивка на лото во САД изнесува 587 милиони долари, а ја поделија среќници од Мисури и од Аризона.Најголема поединечна добивка во историјата на САД изнесува 365 милиони долари.Добивката замина кај осуммина работници од Небраска, кои играле на заедничко ливче.За да се освои главната добивка на „Powerball“ потребно е да се погодат пет бројки.Шансите за добивка се 1 : 175 милиони играчи.
МакфаксДоминиканскиот имигрант Педро Квезадан, во САД на лотото „Powerball“ освои 338 милиони долари.