ТРАМП, БИЛ КЛИНТОН, МАЈКЛ ЏЕКСОН, ПРИНЦОТ ЕНДРЈУ… – Погледнете ги сите 943 страници од тајните документи за моќни луѓе поврзани со милијардерот-педофил Џефри Епштајн

Откако судијката Лорета Преска на крајот на минатата година нареди објавување на „тајните“ документите кои беа дел од тужбата за клевета поднесена од Вирџинија Џуфре против соработничката на педофилот Џефри Епштајн, Гислајн Максвел, во 2015 година, тие беа споделени со јавноста доцна вечерта во средата, а од нив се плашат многу познати светски фаци.

„Тој еднаш кажа дека Бил Клинтон сака млади девојки, значи девојчиња“, изјавила Јохана Сјоберг во изјавата што ја дала на 18. мај 2016 година.
УЖАС: Пријавено силувано 14 годишно девојче кое се водело за исчезнато
На 27.09.2024 во 20.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.Ј. од Скопје пријавила дека во периодот од 25.09.2024 до 27.09.2024, додека била …
Јужна Кореја ќе се стреми кон подобрување на односите со Јапонија под водство на новиот јапонски премиер
– Јужна Кореја изрази желба да соработува со новата јапонска влада за зајакнување на односите со Јапонија, соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи. …

Принцот Ендрју, војводата од Јорк, поранешните претседатели на САД, Бил Клинтон и Доналд Трамп, покојниот славен музичар Мајкл Џексон и американскиот магионичар и илузионист Дејвид Коперфилд се само некои од луѓето кои се споменуваат во нив.

Извадок од еден од документите поврзани со Џефри Епштајн

Тоа што нечие име стои во споменатите судски списи не значи дека тие лица се обвинети за некакви кривични дела.

Повеќе за самите документи можевте да прочитате претходно.

Повеќе за сведочењето на девојката Јохана Сјоберг, која тврди дека поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон сакал „млади девојчиња“ можете да прочитате подолу:

Бил Клинтон претходно изјави дека жали што се дружел со Џефри Епштајн, кој ја посети Белата куќа неколку пати за време на неговиот претседателски мандат. Кога станува збор за врската меѓу Бил Клинтон и Џефри Епштајн, поранешниот претседател на САД никогаш не беше обвинет.
Портпаролот на Бил Клинтон изјави дека тој четири пати бил патник во авионот на Џефри Епштајн и дека овие патувања се случиле во 2002 и 2003 година. Се додава дека Бил Клинтон и Џефри Епштајн немале контакт 20 години.
Девојката Јохана Сјоберг за време на судењето кажала дека знаела дека Џефри Епштајн имал контакт со Бил Клинтон, но не знаела дека тие се пријатели додека не прочитала за тоа во медиумите.
Јохана Сјоберг вели дека никогаш не го видела Бил Клинтон на островот Џефри Епштајн кој се наоѓа на територијата на САД.

Сите 943 страници судски списи на англиски јазик од кои треперат многу познати светски фаци се на следниов линк.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.