До утре ќе се уништат вакцините со декларации со поминат рок

Агенцијата за лекови донела решение “Македонија лек“ до утре да ги уништи МРП вакцините кои имаат декларации со поминат рок. Спорни се повеќе од 600 вакцини, а наредбата веќе е доставена до добавувачот. Вакцините ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.
Од Министерството за здравство информираат дека директорите на здравствените домови во кои беа примени спорните вакцини ќе треба да поведат дисциплински постапки против одговорните лица.