ДПМНЕ направи кворум: Собранието ги изгласа измените на Кривичниот законик!

Со 48 гласови “ЗА” Собранието на Република Македонија на денешната 125. седница на Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Во собраниската сала беа присутни и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои направија кворум за донесување на измените на Кривичниот законик.

ДПМНЕ направи кворум: Собранието ги изгласа измените на Кривичниот законик!

Со донесените измени на Кривичниот законик се намалуваат казните за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување, се брише ставот 5 од членот 353 кој ја санкционира злоупотребата на службената положба и овластувања при вршење јавни набавки или на штета на Буџетот и на јавните фондови за кој беше предвидена казна од најмалку 5 години затвор, максималната казна затвор за Злосторничко здружение се намалува од 10 на 3 години, а се укинува и проширената конфискација за нелегално стекнат имот. Со намалување на висината на казната на конкретните дела се намалува и должината на нивното застарување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.