Што ќе возиме во иднина? Половните автомобили им се наметнуваат на граѓаните со просечни примања. Додуша, тоа веќе нема да бидат возила стари три или четири години, туку дури и постари. Како и се друго, автомобилите поскапеа, а најмногу боли поскапувањето на возилата кои беа најпристапни – микро и малите градски автомобили.
Колку всушност поскапеа малите автомобили? Германскиот автоклуб ADAC ги објави цените за 2020 и 2023 година на германскиот пазар. Разликите се огромни, повеќето автомобили драстично поскапеле, а што се однесува до електричните автомобили, тешко е да се види нивната рентабилност…
Така, малиот Fiat 500 во 2020 година чинел 12.990 евра, а денес е 16.990 евра (основна верзија), Peugeot чинел 15.099 евра, а сега треба да платите 22.050 евра, Opel Corsa чинела 14.042 евра, а денес е 18.280 евра, за Mini требало да се издвојат 17.254 евра, додека денес чини 26.900 евра, а дури и Renault Twingo е 16.100 евра (2020 – 10.128 евра). Стартниот VW Polo чини 20.830 евра (во 2020 година 15.139 евра).
Драстично поскапеа и електричните автомобили: Fiat 500 од 23.560 евра на 30.990 евра, Peugeot e-208 од 29.682 евра на 35.350 евра, Opel Corsа-e од 29.146 евра на 36.395 евра… Значи, воглавно 20%.