Премиерот на Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ за Н1 зборуваше за катастрофалната состојба во поплавените подрачја во земјата.
-Каква и да е материјалната штета, таа може да се надомести. Секогаш постои можност за солидарност, распределба на одредени средства. Меѓутоа, човечкиот живот не може да се надомести, замени. Тоа е шокантна слика и веројатно ќе им треба многу време на луѓето од поплавените места да го заборават ова, ако воопшто е можно да се заборави, изјави Никшиќ.
-Ова што се случи во Доња Јабланица е последица на поплавата. Тој камен рид што се сруши срамни едно село. Трагични последици се резултатот. За се треба епилог. Инспекторите, властите и обвинителите беа на терен. Ако има некој одговорен, треба да се испита. Нема потреба од шпекулации, потребно е да се провери и истражи и потоа да се преземат соодветни мерки“.
Тој изјави дека не се согласува со констатацијата дека системот потфрлил.
„Не се согласувам дека системот потфрлил, ова не можеше да се спречи. Никој не можеше да предвиди дека на такво село ќе се спушти каменолом. Нема кој би можел да го очекува тоа. Последиците се катастрофални, но што се случи треба да се истражи. Тоа не е област која се карактеризира со поплави, порои. Денешната реакција на надлежните беше на најдобро ниво, зборувам за моите авторитети. Деблокиран е патот меѓу Коњиќ и Јабланица, сега е деблокиран кон Прозор. Одблокиран е правецот кон Комадин извор. Утре ќе обезбедиме комуникација помеѓу Јабланица и Мостар“, изјави Никшиќ за Н1.
На крајот додаде дека утре ќе ги посети сите општини.
„Кога ќе воспоставиме железнички сообраќај, ќе видиме. Голема среќа ќе беше материјалната штета да е поголема, а да не се изгубени човечки животи. Настрадани се цели семејства. Едно бебе преживеало, бидејќи бабата го заградила со своето тело. Таа го даде животот за бебето, изјавил Никшиќ.