Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (22 јануари ) околу 10 часот и 30 минути го лишиле од слобода И.Р.(44) од гостиварското село Градец.
Според пријавеното тој се сомничи дека во објект за технички преглед во Гостивар, најпрво со бензин полеал еден од вработените, а потоа и своето возило, по што со запалка се обидел да го запали возилото.
- Левица: СДСМ покажува дека не може да излезе од матрицата на ДУИСервилноста и кукавичлукот на СДСМ ќе биде погубен преседан, коментираат од- прочитај повеќе
- Зеленски: Сакаме да го завршиме конффликтот со Русија во 2025 годинаУкраина сака да добие безбедносни гаранции од САД и да го- прочитај повеќе
- Инспектор нападнал началник во ОВР Радовиш – доби кривична пријава и суспензијаОдделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР,- прочитај повеќе
- САД: ПОЖАРОТ ПОДМЕТНАТ?! Полицијата во Лос Анџелес уапси пироман, истрагата доби шокантен тек!Пожарот во Кенет во Лос Анџелес сега се истражува како случај- прочитај повеќе
- Се изготвува ново законско решение за сообраќајните камериПроектот за камери е еден од приоритетите на Министерството за внатрешни- прочитај повеќе
Според пријавеното, исто така, И.Р. бил незадоволен од услугата што ја барал, но во намерата да го запали возилото бил спречен и совладан од неколку лица присутни во објектот.
Извршен е комплетен увид, тој е задржан во Полициската станица Гостивар и во координација и консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.