Србите на барикадите во северно Косово протестираат веќе 13 дена и велат дека ќе ги отстранат кога Приштина ќе ги ослободи Дејан Пантиќ, Миљан Аџиќ и Слаѓан Трајковиќ и ќе ги повлече специјалните сили на косовската полиција од север.
Голем протест денеска се одржа во Рудар каде се собраа голем број граѓани. Митингот помина без инциденти, Србите донесоа транспаренти и 250 метри долга тробојка.