ДРАМА НАД УКРАИНА: Патнички авион по грешка завршил на небото на земја разурната од војна?! ПАТНИЦИТЕ НЕ ЗНАЕЛЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА

За прв пат од почетокот на војната, патнички авион ја прелета Украина.

Турската авиокомпанија ББН ја потврди информацијата дека на 25 јули нејзиниот чартер авион Ербас А320-200 на летот Осло-Анталија се пренасочил од првобитната рута поради невреме и завршил на затворено небо над Украина.

ДРАМА НАД УКРАИНА: Патнички авион по грешка завршил на небото на земја разурната од војна?! ПАТНИЦИТЕ НЕ ЗНАЕЛЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА

Авионот се сврте кон Украина од унгарскиот воздушен простор и долго леташе над југозападните делови на земјата разурната од војна, а потоа влезе во Романија.

Според порталот НРК, патниците не биле свесни дека леталото се наоѓа во воздушниот простор на Украина.

  • Ја разбираме загриженоста во врска со инцидентот и гарантираме дека активно ќе преземеме мерки за да спречиме појава на слични случаи – изјави портпаролот на турската компанија.

Норвешкиот експерт за воздухопловство Ларс Педер Хага вели дека ризикот од соборување на авионот бил мал, но сепак постои опасност.

  • Потенцијално е опасно да се лета во воена зона каде што има противвоздушни системи кои ги достигнуваат височините на кои вообичаено летаат патничките авиони и каде што може да има авиони кои не ја емитуваат својата позиција – вели Педер Хага за НРК.

Не е познато колку патници имало на летот, но Ербас А320-200 може да превезе до 180 луѓе.

Малезиски патнички авион со 280 патници и 15 членови на екипажот беше соборен над Украина во 2014 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.