„Дрвјата кои одат“ и понатаму се мистерија за научниците

Палмите socratea exorrhiza, познати како „палми кои одат“ со години го привлекуваат вниманието на биолозите. Во прашумите на Јужна и на Централна Америка овие стебла се уште еден пример за тоа како реалноста ја надминува фикцијата.
Со децении движењето на овие стебла е тема на расправа меѓу научниците. Во 2005 година биологот Херардо Авалос од Костарика изјави дека дрвјата кои одат се само мит, бидејќи корењата не им овозможуваат движење, а стеблото и понатаму им е на истото место.
Но, во 2015 година научникот Петер Врсански од Братиславската академија на науки тврдеше дека оваа појава на движење и самиот ја забележал. За BBC тој изјави дека овој вид палми оди со помош на корењата.

„Како што земјата еродира палмата создава нов и долг корен кој бара цврста почва. Коренот може да достигне до 20 метри. Откако ќе се пресели на нова почва почнува да се навалува кон новото место во процес кој може да трае до две години“, вели Врсански.
Стариот корен исто така излегува од земјата и се движи напред. На овој начин бара сончева светлина и цврста почва во трка за опстанок. Не е познато што точно ја овозможува оваа промена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.