Државниот секретар на САД не ветил оружје за сириските бунтовници

Државниот секретар на САД, Џон Кери не ветил доставување оружје на сириската вооружена опозиција, која повторно се обратила до него по ова прашање на состанокот во Лондон во средата, пренесе AFP.Пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од групата Г8, американскиот државен секретар Џон Кери и неколку негови колеги имале разговори со претставници на сириската опозиција. Според претставник на американската делегација, на вечерата организирана од страна на шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг, лидерите на сириската опозиција уште еднаш побарале да им биде обезбедено оружје за борба против сириската армија. Меѓутоа, Кери „ништо не ветил“.„Размислуваме за различни опции, ние ќе продолжиме да ѝ помагаме на опозицијата, ќе работиме со нив во однос на она што им е неопходно, на она што сакаме да им го испорачаме“, изјавил за агенцијата претставникот на американската делегација.Засега САД и некои земји членки на Европската унија на вооружената сириска опозиција ѝ доставуваат средства за комуникација, како и храна и лекови, но не планираат да ѝ испорачаат оружје. Воздржаноста на Западот во врска со ова прашање се зголеми откако една од активните вооружени групи во Сирија, Ал-Нусра, во средата објави дека му заколнала на лојалност на водачот на меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда.Во вооружениот конфликт меѓу сириските владини сили и вооружената опозиција којашто од март 2011 година се обидува да го собори од власта претседателот Башар ал-Асад, според последните официјални процени на Обединетите нации загинале околу 70 илјади луѓе. Сириските власти тврдат дека нивните сили се справуваат со однадвор организирана акција на добро вооружени и обучени локални бунтовници и платеници од странство.
МакфаксДржавниот секретар на САД, Џон Кери не ветил доставување оружје на сириската вооружена опозиција, која повторно се обр

Пронајдете не на следниве мрежи: