ДРИН АХМЕТИ: Внучињата за Нова Година ми останаа без подароци, пиротехниката легално купена?!

Обвинителството ќе го чека вештањето на запленетите пиротехнички средства во џипот на внукот на Али Ахмети, Дрин, па дури потоа ќе цени дали има доволно елементи за кривична одговорност или ќе помине со прекршочна казна.
Пиротехниката која полицијата при претрес ја пронајде во возилото на Дрин Ахмети, младиот бизнисмен и внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, ја набавил легално. Со вакво тврдење и без да сака да сподели повеќе детали, излезе Дрин Ахмети. Не смета дека сторил кривично дело, па затоа ќе води правна битка.

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека американската противракетна база во Реџиково во Полска е „приоритетна цел за потенцијална неутрализација“.„Со оглед на нивото на закани од таквите воени …
Под Јени џамија откриени темелите на црквата „Св. Ѓорѓи“: Отвоен Музејот на христијанското и исламското културно наследство во Битола
Националната установа Завод и Музеј, вечерва во Битола отвори Музеј на христијанското и исламското културно наследство, прв ваков објект во државата, на кој на иста локација се наоѓаат Јени џамија, а под неа …

„Во овој момент, нема да коментирам детали бидејќи во тек е истрага и постапка, а мојот правен тим работи на тоа. Можам да го кажам само ова, пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци.“

Кривичниот законик навел дека држењето и набавката на распрскувачки материи е кривично дело. Министерот за внатрешни Оливер Спасовски вчера потврди дека во исвестувањето кое МВР го доставило до Јавното обвинителство е наведен членот 396 од КЗ.
Ако предмет на делото е поголемо количество на распрскувачки материи наменети за дозволени забавни, свeчени и други активности, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“.

Сепак последниот збор за тоа дали воопшто, или ако одговора Дрин Ахмети тоа ќе биде кривично или прекршочно, ќе го има Јавното обвинителство. Од таму и денеска не споделуваат нови детали за случајот освен дека се чека вештачење на доказите па ќе се носи одлука. Доколку се утврди дека Ахмети не сторил кривично дело тогаш на полицијата ќе и остане опцијата да поднесе прекршочна пријава. Законот за прекршувањата на јавниот ред и мир за употреба на пиротехнички средства предвидува парична казна од 100 до 250 евра. Дрин Ахмети беше уапсен ден пред Нова година во блисина на старата скопска чаршија при што тигрите пронашле 750 парчиња пиротехнички средства.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.