Дружењето со пријателки им го подобрува психичкото здравје на жените

Доколку ретко се гледате со вашите пријателки, сигурно веднаш ќе го промените тоа штом ќе ги дознаете резултатите од едно неодамнешно истражување.

Дружењето со пријателки им го подобрува психичкото здравје на жените

Според научниците од Оксфорд, жените би требало да се гледаат со пријателките барем два пати неделно за да го одржат нивното целокупно здравје.

Робин Дунар, психолог и автор на истражувањето, изјавил дека здравјето на жените значително се подобрува кога два пати неделно излегуваат на пијачка или на кафе со нивните пријателки.
„Овие нешта ги поттикнуваат жените да се социјализираат, да пијат и да се смеат. Здравствените придобивки се брзо опоравување од болести, посилен имунитет, намалена анксиозност и зголемена великодушност, поради што жените се чувствуваат подобро.“

Дружењето со пријателки им го подобрува психичкото здравје на жените

За време на истражувањето, научниците откриле дека само две од пет жени еднаш неделно излегуваат на вечера со пријателките. Ова се случувало уште поретко доколку жените имале семејства. Исто така, во просек, жените посветувале премалку време на нивните пријателски односи.

Истражувањето покажало дека жените најдобро комуницираат преку смеа, шеги и раскажување смешни ситуации, а важен фактор била и големината на групата пријатели. Во друштво со помалку пријатели постои поголема можност за смеење, па научниците препорачуваат жените да излегуваат најмногу со четири пријателки.

„Жените треба да ги одржуваат пријателските врски, можеби дури и повеќе од мажите. Ова го зголемува нивото на серотонин и окситоцин“, изјавила психологот Алиса Руби Баш, чија теза го потврдува истражувањето.


„Одржувањето на овие врски станува уште поважно како што старееме. Стануваме вработени, имаме сè поголеми одговорности, а пријателите ни се потребни за да не бидеме осамени“, додала Алиса.

Жените имаат навистина стресни животи и понекогаш се чувствуваат виновно кога го напуштаат семејството поради работа или дружење. Меѓутоа, важно е да најдете време за себе бидејќи на овој начин излегувате од рутината и се опуштате. Смеата сепак е најдобриот лек, а ова истражување само го потврдува тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.