ДУИ во сабота во спортската сала „Кале“ ќе одржи промотивна конвенција за Бујар Османи

Под мотото „Дојде време за првиот претседател Албанец“, Демократската унија за интеграција в сабота во 18 часот во спортската сала „Кале“ во Скопје ќе одржи промотивна конвенција на нивниот кандидат за претседател Бујар Османи. Ова го соопшти потпретседателот на ДУИ и координатор на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми во вечерашното гостување на ТВ 21.

Прашан околу преговорите за коалиционирање со другите партии, Адеми нагласи дека претседателот на партијата Али Ахмети има целосно овластување од партиските органи да води преговори со сите политички партии. Посочи дека кога ќе донесат конечна одлука, ќе ја споделат со јавноста.

Во однос на финализирањето на листите на кандидати за пратеници, Адеми потенцира дека одлуката за формирање на листите ќе зависи и од договорите за коалицирање, а се уште нема одлука дали тој ќе биде носител на листа.
Адеми соопшти дека пратениците од владејачкото мнозинство до Собранието поднеле измени на Законот за високото образование, со кои, се очекува, да се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи. Тој очекува дека законот да биде донесен во текот на оваа недела на пленарна седница.

Пронајдете не на следниве мрежи: