ДУИ ОДЛУЧИ! Талат Џафери нов премиер на 28-ми Јануари

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на состанок во партиското седиште одлучило актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери да биде технички претседател на Владата на Република Северна Македонија од 28 јануари во пресрет на изборите напролет.

Градоначалникот на Минхен официјално го отвори овогодинешниот „Октоберфест“
Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер денеска го отвори годинешното издание на најголемиот фестивал на пивото во светот – Октоберфест, јави ДПА. Тој го отвори првото буре пиво …
Економски раст во Косово во вториот квартал од 4,27%
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека економскиот раст продолжува да расте и дека во вториот квартал е 4,27 отсто.Курти на Фејсбук изјави дека ваквите резултати се резултат …

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, на својот фејсбук-профил ги објави и другите одлуки од состанокот на партиското Претседателство во Мала Речица во врска со учеството на ДУИ на претседателските и парламентарните избори во 2024 година.

-Фатмир Бесими е избран за шеф на Централниот изборен штаб за изборите 2024. Се овластува претседателот на партијата да продолжи со разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори, објави Османи на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.