ДУИ со фанатизам ќе го брани барањето за консензуален претседател

Во своето гостување во емисијата “Клан Дебат“ на ТВ “Клан“  Македонија лидерот на партијата, Али Ахмети најави дека на следните претседателски избори ДУИ ќе бара консензуален претседател.
– Секако тоа е еден од ставовите кои сме ги објавиле и ќе го браниме со фанатизам и ќе го промовираме на сите простори тука во Македонија. Ние сакаме консензуален претседател, да седнеме, да разговараме, да се усогласиме“ – изјави Ахмети. Тој, исто така, кажа дека веќе има и имиња за идниот претседател, но дека сѐ уште е рано да се зборува за тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.