Д-р. Беќаровски за случајот со Онкологија: Како ги гледавте во очи знаејќи дека ги убивате?!

Случајот со злоупотреба и препродавање на скапата биолошка терапија на Клиниката за онкологија предизвика силни реакции и во стручната јавност.

Како можете да ги гледате во очи знаејќи дека ги убивате, јавно праша д-р Нико Беќароски од Клиниката за токсикологија.

Д-р. Беќаровски за случајот со Онкологија: Како ги гледавте во очи знаејќи дека ги убивате?!

-Секојдневно неколку пациенти од Онкологија, доаѓаат на ултрасонографски преглед во нашиот ехотомографски кабинет. Исплашени, многу често и исцрпени од болеста, со страв го следат секој мој поглед, како да сакаат да прочитаат дали нивниот наод е уреден. Секој пациент од Онкологија ме растревожува уште пред да ја земам сондата во рака. Се плашат тие, но се плашам и јас од тоа што ќе го видам.

Секоја нивна зголемена жлезда, нова метастаза, секоја новооткриена течност во стомакот, ми го прави денот тажен, а толку често тоа се млади личности кои штотуку зачекориле во светот на возрасните.

А некоја организирана група на монструми, затскриена во бели мантили им ги краде милиграмите кои живот значат. Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате ???, објави д-р Беќароски на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.