Евакуација на станарите од зграда во Аеродром

Припадници на специјалните единици на МВР и на противпожарната служба на Град Скопје вечерва ги евакуираа жителите од зградата број: 15, влез 1 на булеварот ,,Кузман Јосифовски – Питу‘‘ во општината Аеродром по пријавата за неподнослива миризба која предизвикува потешкотии во дишењето а се шири во ходникот од зградата.

Снимките од евакуацијата на станарите ги направи камера на ТВ Сител, а станарите се уште се пред влезот на зградата и чекаат од надлежните да утврдат што се случува и дали е безбедно да се вратат во своите домови. Многу повеќе детали и сведоштва на станарите погледнете во вториот денвник на Сител вечерва во 23:00 часот со вклучување во живо од местото на настанот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.