Еве каква зимска идила донесе снегот кој вчера врнеше без престан- овие два туристички центри утрово блескаат со сиот свој сјај

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Во утринските часови ќе дува слаб до умерен северен ветер, но во текот на денот ќе го промени правецот во југоисточен и ќе биде со слаб интензитет.
Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Од утре ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени.
Утре, како и во втората половина од следната седмица по одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.
Утрово како и вчера во текот на денот снег паѓаше во најголемиот туристички центар во земјава Маворо, а планината Бистра денеска веќе блеска со сиот свој бел сјај, погледнете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.