Еве како изгледа сопругата на Маринко Роквиќ

Славица Роквиќ е сопруга на фолк-пејачот Маринко Роквиќ и мајка на двајцата познати синови Никола и Марко Роквиќ, кои се занимаваат со иста професија како нивниот татко.
Славица секогаш се држеше настрана и им беше„ветер во грб“ и на нејзиниот сопруг и на синовите во нивната работа, но неодамна таа реши да ја гради својата кариера, но во друга сфера.
Имено, Славица Роквиќ е писателка која ја промовира својата книга „Данок во крв“. Во слободното време работи во органската градина во дворот на нивната куќа.


На нејзиниотИнстаграм профил може да се види како патува во друштво на сопругот, уживајќи и не симнувајќи насмевка од лицето.
Покрај тоа, таа е посветена баба, која редовно поминува време со своите внуци и е горда на своите снаи Бојана и Сара како да се родени ќерки.


Да потсетиме, славниот фолкер Маринко Роквиќ неодамна беше итно опериран откако лекарите за време на рутински преглед му најдоа циста. Неговиот син, пејачот Никола, вели дека Маринко е силен и дека полека се враќа во нормален живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.